Овој проект ни е особено драг, затоа што во реално време може да се види ефектот на хуманоста, се работи за платформа за плаќање на сметки на социјално загрозени лица, им понудивме видео, фотографија, видео туторијали и графички видеа, настанот траеше 3 дена, а вкупно беа изработени повеќе од 15 видеа.
Запознај го тимот тип на видео
Реална видео приказна од барател на помош
Ефектот што се постигнува преку видео, неможе да се постигне со ниту еден дизајн, графика или текстуална форма. Навистина на овој настан го потврдивме тоа, од најавните видеа, па се до крајот на хакатонот, сметките на Верица се платија за само еден ден, како и на многу други семејства.
Видеото е иднината, видео маркетингот е потребен бидејќи ефективно го задржува вниманието на публиката, креира посилна врска со гледачите и им овозможува на компаниите да комуницираат со соодветна содржина и емоции.
Илустриран туторијал видео за тоа како се плаќаат сметките
Презентација на нивната нова вебстрана
Истражувањата покажуваат дека компаниите што го користат видео маркетингот често постигнуваат поголем реинвестициски поврат од инвестициите.