Ways2Help Хуманитарни акции
October 9, 2018
FM – Millionaire re-treat
October 9, 2018
 

Кога ќе ти се погодат работата и задоволството има ли нешто поубаво?

Еден комплетно изработен проект на светско ниво, емисија за готвење која резултираше со 50+ видеа и повеќе од 1 милион прегледи. Нашиот тим беше одговорен за снимање на видеата, нивно пласирање, текстуален опис, графички дизајн, фотографија и обработка.

Концепт, снимање, дизајн на насловна фотографија и обработка

Првото видео од серијалот

Со добар тим неможеш да згрешиш, тајната е во креативноста.

На оваа задача навистина имавме одврзани раце за концептите и снимањето, но и самиот Фичо многу ни помогна во истите, затоа и резултатите се видливи. 

Снимањата се случуваа во екот на Корона вирусот, се соочувавме со многу предизвици ( полициски час и слично ), постојано тестиравме нови начини како да го зголемиме бројот на прегледи и подобриме квалитетот, серијалот е доста сериозен, но наративот и комуникацијата се опуштени, затоа и публиката се чуствуваше како дел од истиот, постојано добивавме пораки и фотографии од нивните успешно завршени рецепти.

 

Сериозни брендови

Во текот на соработката беа вклучени и сериозни наши и интернационални брендови за кој што требаше да се постигнат стандарди и да се исполнат нивните барања.

Некои од нив се Подравка, Жито Лукс, Авто Македонија, Адријус

 

Дополнително снимавме и емисија која се емитуваше во Прајмтајм на Канал 5 телевизија со повеќе гости, надвор од студио и во студио. 

Доколку имате потреба од сличен проект како снимање на телевизиска или јјутуб емисија закажете состанок со нашата продукција.