Еден комплетно изработен проект на светско ниво, емисија за готвење која резултираше со 50+ видеа и повеќе од 1 милион прегледи. Нашиот тим беше одговорен за снимање на видеата, нивно пласирање, текстуален опис, графички дизајн, фотографија и обработка.
Концепт, снимање, дизајн на насловна фотографија и обработка
Првото видео од серијалот
На оваа задача навистина имавме одврзани раце за концептите и снимањето, но и самиот Фичо многу ни помогна во истите, затоа и резултатите се видливи.
Снимањата се случуваа во екот на Корона вирусот, се соочувавме со многу предизвици ( полициски час и слично ), постојано тестиравме нови начини како да го зголемиме бројот на прегледи и подобриме квалитетот, серијалот е доста сериозен, но наративот и комуникацијата се опуштени, затоа и публиката се чуствуваше како дел од истиот, постојано добивавме пораки и фотографии од нивните успешно завршени рецепти.
Во текот на соработката беа вклучени и сериозни наши и интернационални брендови за кој што требаше да се постигнат стандарди и да се исполнат нивните барања.
Некои од нив се Подравка, Жито Лукс, Авто Македонија, Адријус
Вирални "Reel" видеа
Вирални "Reel" видеа
Вирални "Reel" видеа
Дополнително снимавме и емисија која се емитуваше во Прајмтајм на Канал 5 телевизија со повеќе гости, надвор од студио и во студио.
Доколку имате потреба од сличен проект како снимање на телевизиска или јјутуб емисија закажете состанок со нашата продукција.