Минатата година бевме ангажирани од компанија ( клуб ) на милионери и билионери од Калифорнија, нашиот ангажман вклучуваше изработка на промотивни материјали, изјави од учесници, фотографија и многу забава. 4 дена на Миконос во хотел со 5 Звезди, 4 приватни јахти и многу журки. Клиентот се одлучи за нас и покрај значително пониските понуди од регионот поради нашето предходно искуство и довербата дека задачата ќе ја завршиме успешно.
Многу од материјалите што ги снимивме се од доверлив карактер и не би смееле да ги споделиме, можеме само да ви кажеме дека се наши долгогодишни клиенти и знаат да ценат добра услуга.
Уживајте во малата галерија од прекрасниот Миконос
Од технички и логистички аспект се соочивме со многу предизвици како пренесување на опрема, возење до самиот остров, строги политики за приватност на самите места кој што ги посетивме, но сепак со малку импровизација, добра визија и план проектот заврши успешно.
Доколку и вие сте во потрага по фотограф или видеограф во Миконос, Грција контактирајте не за повеќе информации. Ние сме спремни за предизвици.