„Винербергер“ е најголемиот производител на тули во светот и со своите речиси 200 производствени погони во 30 земји, ги држи водечките позиции на пазарите на ќерамиди во Европа. Дејноста на „Винербергер“ ги покрива сите процеси, од екстракција на глина, производство, сертификација на производи до трговско и техничко советување. Преку висококвалитетните керамички ѕидови Porotherm и покривните системи Tondach, ние ги носиме нашите решенија насочени кон иднината во форма на градежни материјали со убедлив квалитет.
Модел Игор Ангелов
Агенција - Солвео
Особено драг проект, предизвик и задоволство да се работи со врвни актери, кои не очекуваат ништо помалце од професионалност. Урнебесна кампања во која креиравме фотографии и видеа, и на забавен и креативен начин ги покажавме придобивките од Тондах покривните решенија.
Кампањата на Вибербергер беше присутна на социјалните мрежи, радио станиците, и офлајн канали. Истата има 300.000 гледаност. Нашата продукција беше задолжена за фотографиите, снимањето, осветлувањето, и аудио рекламата.